Furkan Abdula
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Унијата на турските демократи во Европа (УЕТД) за Македонија, Салих Уташ, реагираше по нападот врз знамето на Турција во Тетово, пренесува Anadolu Agency (АА).
Уташ, во објава на социјалните мрежи, напиша дека најостро го осудуваат нападот врз знамето на Турција, во вторникот од страна на нопазнато лице или лица во Тетово.
Според ова соопштение, Уташ нагласи дека овие акти не ги нарушуваат односите, туку, напротив, ги зајакнуваат.
„Сигурни сме дека овој акт чија цел е провоцирање на турско-албанското братство, нема да ја постигне својата цел. Посакуваме лицата кои на социјалните мрежи објавија снимка во која се забележува нивниот одвратен акт, да бидат фатени и осудени на најтежок начин од страна на македонските власти“, вели Уташ во соопштението.

Исто така, на социјалните мрежи беа споделени фотографии од страна на младинскиот огранок на УЕТД во кои се забележуваат турското и албанското знаме поставени на вратата на куќата во Тетово од каде претходно беше отстрането турското знаме.
Во соопштението се вели дека целта на поставување на двете знамиња е да го покажат турско-албанското братство, и да покажат дека нема да бидат цел на провокации.
Реакции следуваа откако беше објвена видео снимка на социјалната мрежа Фејсбук, во која се гледа нападот врз знамето на Турција.
Потсетуваме, Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, денеска на социјалните мрежи писмено реагираше поради објавена снимка на социјалните мрежи и портали, за која се тврди дека е направена во Тетово, а во која се гледа како непознато лице нападна знаме на Република Турција.
„Најстрого го осудувам овој немил настан кој има за цел да ги поттикнe чувствата на злоба и омраза, како и наштетување на вкоренетите братски и пријателски односи, и го поканувам нашиот народ на здрав разум пред наведените немили провокативни инциденти", вели амбасадорката Кара, пишуваше во соопштението.
Меѓу другото, во соопштението се истакнува дека Амбасадата на Република Турција во Македонија од блиску ги следи збиднувањата и дека се покренати сите потребни иницијативи за пронаоѓање и казнување на сторителите на овој настан.
- Турската заедница во Македонија реагира за нападот врз знамето на Турција
Турската заедница во Македонија реагираше по нападот врз знамето на Турција во Тетово. Во реакциите, турските политички партии и здруженија го осудуваат нападот и ги повикуваат надлежните да ги пронајдат и казнат сторителите.