Kemal Karadağ
22 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
АНКАРА (AA) – Бројот на починатите од заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) е зголемен на 21, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа рече дека бројот на пациенти заразени од коронавирусот е зголемен на 947.
Додаде дека во последните 24 саати се тестирани 2.953 случаи и дека 277 биле позитивни.
„Во последните 24 саати бројот на заразени достигна 947. Загубивме 12 повозрасни пациенти. До денес починаа 21 лице", соопшти Коџа.
Укажа дека повозрасните лица треба да се предупредат на ограничено движење.
„Ризикот од смртта е значително поголем како расте бројот на годините", соопшти министерот на социјалните мрежи.