Cem Genco
19 ноември 2021•Ажурирај: 21 ноември 2021
ХАТАЈ (АА) - Печат стар 3.250 години, кој му припаѓал на хетитскиот принц и античка плоча со клинесто писмо, која потекнува од пред 3.400 години, се откриени во јужната турска област Хатај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ископувањата во Аџана Хојук во подрачјето на Рејханли во Хатај, во име на Министерството за култура и туризам со поддршка на Турското историско друштво, се спроведуваат шест месеци.
Зборувајќи за Агенција Анадолија, Мурат Акар, раководителот на тимот за ископување и протоисторија на Универзитетот „Мустафа Кемал“, како и претседател на Одделот за археологија на Блискиот Исток, рече дека имаат некои возбудливи откритија.
„Античката плоча со клинесто писмо која ја ископаа има акадско клинесто писмо“, истакна Акар, додавајќи: „Плочата, стара околу 3.400 години и придружните цилиндрични печати ни даваат информации за администрацијата и административните практики на регионот, особено во периодот кога регионот бил управуван од Митанската Империја.“
Тој рече дека тие пронашле 3.250 години стар печат во текот на последното ископување, додавајќи дека предметот е едно од најважните откритија на годината, помагајќи да се разбере „што се случило во периодот откако регионот паднал под контрола на Хетитите“, како и „дефинирање на нивната административна и политичка динамика“.
Акар понатаму забележа дека откритијата даваат информација за административните и архивски практики за античкиот град Алалах, главниот град на кралството Мукиш во средната и доцната бронзена ера.
„Пишаните документи кои ги најдовме се многу возбудливи“, рече тој.
„Впечатоците за цилиндричните печати го покажуваат присуството на владејачката класа во регионот“, рече Акар, додавајќи: „Последната, со лувиски хиероглифски напис на неа, го дава името на хетитскиот принц, чие име не е вклучено во другите пишани документи во Алалах и се појавува за првпат.“
Тој не го откри името на хетитскиот принц, но рече дека академикот за хитологија на Факултетот за литература при Универзитетот во Истанбул, Хасан Пекер, ќе го сподели името на принцот со научната фела кога истражувањето ќе биде завршено.