Kemal Zorlak
23 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
ЗАГРЕБ (АА) - Претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ, упати порака со сочувство до претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, поради смртта на големиот број луѓе во пожарот на автобусот во Бугарија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Почитуван претседателе на Владата, драг Зоран, со голема тага и искрено жалење ја примив веста за страшната трагедија во Бугарија во која починаа најмногу ваши државјани“, пишува во пораката.
Пленковиќ додаде дека Хрватска во овие тешки моменти е покрај семејствата на настраданите, како и покрај цела Северна Македонија.
„Во име на Владата на Република Хрватска, хрватскиот народ и свое лично, на Вас, на семејствата на настраданите и цела Северна Македонија им изразувам длабоко сочувство. Нашите мисли и молитви се со вас“, пишува во пораката на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Најмалку 46 луѓе починаа откако автобус со македонски регистерски ознаки се запали на автопат во западна Бугарија рано утрово. Меѓу починатите се и 12 деца.