Samir Kajoševic
02 Јули 2020•Ажурирај: 03 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 40 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје соопштија дека се анализирани 444 примероци меѓу кои 40 биле позитивни.
„Се работи за 19 пацинети од Подгорица, 9 од Беране, четири од Пљевља, два од Рожаје, три од Бијело Поље и по еден од Будва, Тиват и Гусиње. Од 40 новотрикени, 21 се контакти со претходно потврдени случаи, два слуачи се импортирани додека кај 17 заразени се трага за изворот на инфекцијата", соопштија од Институтот.
Во Црна Гора од почетокот на јуни регистрирани се вкупно 292 случаи со Ковид-19, од кои три беа смртни.