Samir Kajoševic
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 66 нови случаи на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора изјавија дека се анализирани 455 примероци од кои 66 биле позитивни.
„Најмногу нови случаи има во Подгорица - 39, во Рожаје 7, во Беране 4, во Тиват, Будва, Цетиње и Гусиње по 3, и по 1 детектиран случај на Ковид-19 во во Бело Поле, Котор и Плевља. Дваесет новозаразени се контакти на претходно потврдени случаи“, наведуваат во Институтот.
Во Црна Гора од почетокот на јуни вкупно се регистрирани 583 заразени лица, од кои седум лица ги загубија животите.