Övünç Kutlu
03 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
ЊУЈОРК (AA) – „Епл“ стана првата компанија во светот чија пазарна вредност достигна трилион долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите на компанијата „Епл“ („Apple“) вчера на Њујоршката берза (NYSE) изнесуваа 201,5 долари, но пораснаа за 2,75 отсто и достигнаа рекордни 207,05 долари.
Вкупната вредност на компанијата „Епл“ со ова надмина трилион долари, што претходно не ѝ успеа на ниту една компанија во светот.
Порастот на пазарната вредност на компанијата „Епл“ се случи два дена откако челниците на тој технолошки гигант соопштија дека оствариле зголемување на приходите кое ги надминува сите очекувања.
Во вториот квартал од годината „Епл“ оствари приход од 53,26 милијарди долари, што е за 17,3 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.
Покрај „Епл“, „Амарон“ е единствената компанија која има шанса да ја достигне трилионската пазарна вредност со оглед дека нејзината моментална вредност е проценета на 879 милијарди долари.