Gökhan Ergöçün
09 јули 2021•Ажурирај: 09 јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Билансот на тековната сметка на Турција во мај забележа дефицит од 3,08 милијарди долари, што е за 919 милиони долари помалку во однос на минатата година, наведува Централната банка на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците за платниот биланс кој го објави Централната банка, 12-месечниот тековен дефицит на земјата изнесуваше околу 31,86 милијарди долари.
Анкетата на Агенција Анадолија оваа недела покажа дека проекциите на група од 15 економисти за дефицитот на тековната сметка за мај се движеле од 1,2 до 3,35 милијарди долари.
Анкетата исто така покажа дека салдото на тековната сметка на крајот на 2021 година ќе има дефицит од 25,8 милијарди долари.
Во април, тековната сметка забележа дефицит од 1,71 милијарди долари.
Дефицитот на тековната сметка значи дека увозот на стоки и услуги, одливот на приход од инвестиции и трансферот во странство го надминуваат извозот на стоки и услуги и приливот на приход и трансферите од странство, додека кај суфицитот е обратно.