Seval Ocak Adıyaman
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Извозот на производи од чоколадо од Турција е значително зголемен во последната деценија, а особно во последните пет години, кога тој ја надмина вредноста од милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од турскиот завод за статистика, Турција од 2011 година досега извршила извоз на производи од чоколадо во вредност од милијарда и 39 милиони долари.
Извозот на чоколадо во 2011 година изнесуваше нешто повеќе од 160 милиони долари и константно се зголемува, за да во 2014 година изнесува 270 милиони долари. Во 2015 година забележан е благ пад во извозот, кога тој изнесувал 233 милиони долари, но вкупниот извоз во последните пет години сепак ја надмина вредноста од милијарда долари.
Најголем увозник на турски чоколади е Ирак, после кој следуват Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Либија и Египет.
Кога станува збор за увоз на производи од чоколадо во Турција, Германија има годишен увоз во вредност од 14 милиони долари, по која следат Белгија, Италија и Франција.