Hussein Abd El-Fettah,Ömer Erdem
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
КАИРО (АА) - Надворешниот долг на Египет, забележувајќи пораст од 19,3 отсто во првото тримесечје на оваа година, во споредба со истиот период минатата година, се зголеми на 88,2 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според месечниот статистички извештај на Централната банка на Египет, јавниот долг на оваа земја, во споредба со бруто- домашниот производ на крајот на март, се зголеми до 123,6 отсто. Оваа стапка во истиот период минатата година беше 120,1 отсто.
Внатрешниот јавен долг на Египет, во март минатата година беше 172,6 милијарди долари, додека во истиот период оваа година достигна до 198,6 милијарди долари.
Надворешниот долг на Египет, забележувајќи пораст од 19,3 отсто во првото тримесечје на оваа година, во споредба со истиот период минатата година, се зголеми на 88,2 милијарди долари.
Според извештајот, надворешниот долг по лице, во март минатата година бил 705 долари, додека во првото тримесечје во 2018 година, достигна до 841 долар.