Ata Ufuk Şeker
08 Март 2023•Ажурирај: 09 Март 2023
БРИСЕЛ (АА) - Економијата на Европската Унија (ЕУ) падна за 0,1 отсто во четвртиот квартал од 2022 година во однос на претходниот квартал, јавува Анадолу.
Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за стапките на раст на ЕУ и на еврозоната за последниот квартал од 2022 година.
Бруто-домашниот производ (БДП) во 19-члената еврозона остана непроменет во четвртиот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал.
БДП во еврозоната во последниот квартал од 2022 година порасна за 1,8 отсто во однос со истиот период во 2021 година.
БДП во ЕУ е намален за 0,1 отсто во четвртиот квартал од 2022 година во однос на претходниот квартал, а е зголемен за 1,7 отсто во однос на истиот период од претходната година.
На годишно ниво, БДП во Франција порасна за 0,5 отсто, во Германија 0,9 отсто, во Италија 1,4 отсто и во Шпанија 2,7 отсто.