Andelija Stojkovic
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
БЕЛГРАД (AA) - Владата на Србија соопшти дека денеска дека Србија и Турција ќе потпишат нов договор за слободна трговија во текот на посетата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во Србија во октомври оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува во соопштението, министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ и министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи денеска во Анкара усогласија текст на тој договор, според кој Србија во Турција безцарински ќе извезува 5.000 тони говедско месо.
Србија прв пат ќе може без царини да извезува и дефинирани квоти на рафинирано и сурово сончогледово масло, семки од сончоглед и одредени видови пекарски производи. Се наведува дека со договорот се дефинирани и дупло поголеми квоти за бесцарински извоз на одредени видови замрзнат зеленчук и суви сливи од Србија во Турција.
Турција во Србија без царини ќе извезува одредени квоти калинки, јагоди, син патлиџан, тикви, суво грозје, а зголемени се и квоти за прехрамбени производи кои Турција претходно ги извезуваше.
Со договорот прв пат се дефинира слободна трговија со услуги меѓу кои се финансиите, транспорт,от телекомуникациите и копродукцијата, што, како што се наведува во соопштението, во значителна мерка ќе придонесе за подобрување на инвестициската клима и поголемо присуство на турски инвеститори во Србија, но и ќе и отвори простор на Србија на турскиот пазар.