Diyar Güldoğan
30 Април 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турција во првиот квартал од оваа година забележа раст на приходите од туризмот за 31,3 отсто во однос на претходната година, достигнувајќи 4,25 милијарди долари, според, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот од Институтот за статистика на Турција (TurkStat), објавен денес, покажа дека 76,1 отсто од приходите од туризмот потекнуваат од странските посетители, а остатокот од граѓаните што живеат во странство.
Турција, во првиот квартал од годината, ја посетија над 6,1 милион туристи, што претставува пораст од 26,4 отсто во однос на истиот квартал во 2017 година.
„Додека 80,2% од посетителите биле странци, поточно 4.908.831 лица, 19,8% од нив се турски државјани што живеат во странство, односно 1.213.351 лица“, велат од ТуркСтат (TurkStat).
Според ТуркСтат, бројот на турски државјани кои патувале во странство во овој квартал од годината се зголемил за 9,1 отсто во однос на истиот период минатата година и достигна речиси 2,7 милиони.
Следните тримесечни податоци на ТуркСтат од статистичките податоци за туризмот ќе излезат на 31 јули.