Merve Aydoğan
30 Април 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ИЗМИР (АА) - Најмалку 303 илегални имигранти беа притворени за време на операцијата на турските безбедносни сили против криумчарење на мигранти долж турскиот брег на Егејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Крајбрежната стража во изминатите 24 часа уапси најмалку 190 мигранти кои се обиделе илегално да преминат од турската област Измир на територијата на соседна Грција.
Слична операција беше извршена и во подрачјето на Бодрум во турската област Мугла, во која беа приведени 18 мигранти.
Најмалку уште 95 илегални мигранти беа приведени во Ајдин, во операција што ја спроведе жандармеријата.
Сите притворени мигранти се предадени на надлежните органи за понатамошна обработка и ќе бидат задржани во центрите за мигранти.
Турција е најчестата рута што мигрантите ја користат во обид да преминат во Европа, особено од почетокот на војната во Сирија.