Ekipa
05 Март 2023•Ажурирај: 08 Март 2023
АТИНА (АА) - Речиси четири од 10 возрасни и едно од четири деца ќе бидат обезни до 2035 година во Грција, се вели во извештајот на Светскиот атлас за обезност за 2023 година, пренесува Анадолу.
Во извештајот објавен во четвртокот од Светската федерација за обезност, се вели дека за 12 години 39 отсто од возрасните ќе бидат обезни, 42 отсто мажи и 36 отсто жени, во споредба со 2020 година кога се регистрирани 29 отсто возрасни со обезност.
Kаj децата и адолесцентите, процентот на обезни луѓе ќе се зголеми од 12 отсто, колку што беше во 2020 година, на 18 отсто во 2035 година за девојчињата. За момчињата тој процент ќе се зголеми од 19 на 27 отсто.
Експертите велат дека обезните луѓе ќе се соочат со сериозни здравствени проблеми доколку не се преземат одредени мерки.
Недоволната активност, консумацијата на шеќер, консумирањето на безалкохолни пијалаци, на слатки и солени закуски и консумирањето на кондиторски производи се меѓу двигателите на обезноста, според извештајот.
Се вели дека ако ваквиот светски тренд продолжи, за 12 години трошоците за лекување ќе се зголемат на 1,45 милијарди долари од моменталните 1,26 милијарди долари.