Emre Gürkan Abay
22 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
МОСКВА
Русите на интернет, во текот на јануари-февруари оваа година, најмногу истражуваа за одмор во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската федерација на туроператори (ATOR) ги соопшти местата за одмор што најмногу биле истражувани од Русите во периодот јануари-февруари оваа година преку пребарувачот Yandex.
Руските туристи, 1.242.000 пати истражувале места за одмор во Турција, додека интересот на руските туристи за Египет, кој е конкурент на Турција на тоа поле, бил за три пати помал.
Во тој период, местата за одмор во Египет биле истражувани 400.000 пати. На трето место се наоѓа Тајланд.
Исто така забележано е дека Русите во своите истражувања на интернет за летните аранжмани, најмногу се интересирале за услугата „сѐ е вклучено”.
Турција минатата година сруши рекорд според бројот на туристи од Русија. Оваа година има за цел да биде домаќин на околу 6 милиони туристи.