Faruk Zorlu
15 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
АФЈОНКАРАХИСАР (АА) - Пред девет години, осум пријатели од Холандија пристигнаа во Турција, изнајмија мотоцикли со цел да ја истражат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Доаѓаат секоја година, возат мотоцикли и посетуваат историски и културни места, патуваат по патиштата на сончевото крајбрежје и ја вкусуваат разновидната турска кујна.
Тие ја посетија античката Фригија, регионот Кападокија во централна Турција и античкиот град Ефес во Измир во егејскиот регион на Турција.
Следната 2020 година, планираат да прослават една деценија од нивните авантури низ Турција.
Во својата земја работат различни професии. Но по пристигнувањето во Турција, тие се само возачи. Планираат да направат турнеја низ регионот на Црното Море во 2020 година за да одбележат една деценија од нивните патешетвија.
„Општо, луѓето во Турција се гостопримливи и многу добро нѐ пречекуваат“, рече мотоциклистот Бидауф Думан.
„Планините, рамнините, шумите и висорамнините се прекрасни. Си поминуваме убаво при овие патувања“, додаде тој.
Тој рече дека веќе имал слични патувања во Шпанија, Белгија и Португалија, но дека природните убавини на Турција и нејзината променлива природа на секои 50 километри се неспоредливи и воодушевувачки.
Неговиот пријател Герард Јеминг вели дека Турција е идеална земја која може да се истражи со мотоцикл.
Нивниот германски организатор Цухе Бондер живее во Турција во последните 30 години. „Можам да кажам дека се заљубив во Турција“, рече Бондер.