Nilay Kar
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ТОКАТ (AA) – Храбар доставувач на весници утрово со брза реакција, на северот на Турција, спасил четиричлено авганистанско семејство од куќа која ја зафатило голем пожар, јавува Anadolu Agency (AA).
Настанот се случил во турскиот град Токат, во кој доставувачот на весници Ремзи Озјурт во раните утрински часови видел двокатна куќа околу која има пламен.
Озјурт првин повикал пожарникари и полиција, а потоа отрчал до куќата, го разбудил и го евакуирал семејството.
Авганистанското семејство спиело на вториот, а пожарот во потполност го зафатил првиот кат од куќата.
Родителите преку прозорец фрлиле седумгодишно девојче и петгодишно машко дете.
„Видов дека пламенот ја освојува куќата и инстиктивно реагирав. Тропав на вратата и го разбудив семејството. Успеав да ги фатам децата кои ми ги фрлија од прозорецот. Ги сместивме кај соседите, а потоа дојдоа пожарникарите и полицијата. Сето тоа траеше кратко", рече Озјурт за АА.
Родителите излегоа од куќата со помош на пожарникарите, кои потоа го изгаснаа пожарот.