Gökhan Kavak
14 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) (АА) - Бројот на оздравени пациенти од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 4 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 4.409.469.
Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 116.693.
Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 3.946.238 лица.
Најмногу откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Мароко, Тунис, Етиопија, Египет и Либија.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република и Египет.
Најмногу оздравени се регистрирани во Јужноафриканската Република и Мароко.