Ömer Erdem
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
ХАРТУМ
Бројот на заразени лица со новиот тип на коронавирус на африканскиот континент достигна 511.170, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот покажуваат дека на африканскиот континент во последните 24 часа се потврдени 17.460 нови случаи на заразување.
Во истиот период од последиците на Ковид-19 починаа 366 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 12.015.
На африканскиот континент се излекувани повеќе од 247.000 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Најголем број на случаи е забележан во Јужна Африка каде со Ковид-19 се заразени повеќе од 215.000 лица, следуваат Египет со околу 77.000 заразени.
Коронавирусот ги зафати јужните и северните делови на Африка, додека најмалку случаи се забележани во Централна Африка.