Dmitri Chirciu
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Бројот на случаи на коронавирусот Ковид-19 во Русија надмина 1,2 милиони, а од последиците на вирусот починаа 21.251 лице, јавува Агенција Анадолија (AA).
Центарот за контрола и превенција на коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа вирусот е потврден кај 9.859 лица, односно вкупно досега кај 1.204.502 лица.
Во изминатите 24 часа, бројот на излекувани се зголеми за 5.563 и изнесува 975.859, а бројот на починати се зголеми за 174 и сега изнесува 21.251.
Трендот на раст кај бројот на заразени на дневно ниво во Русија изнесува 0,8 отсто, а кај 27,2 отсто од заразените не се потврдени симптоми на вирусот.
Службата за заштита на јавното здравје и правата на потрошувачите соопшти дека во последните 24 часа биле извршени 423.000 тестирања, или вкупно над 47 милиони.
Првиот случај на вирусот во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март. Со подобрувањето на епидемиолошката состојба кај бројот на заразени, дојде до ублажување на мерките во многу подрачја во земјата, но и понатаму задолжително е носењето маски и ракавици во затворени простори и во простории каде што престојуваат поголем број луѓе.