Zehra Ulucak
07 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати поради епидемијата на новиот вид коронавирус Ковид-19 низ целиот свет ја надмина бројката од 75 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, каде што се евидентираат податоците за Ковид-19, бројот на смртни случаи во светот се зголеми на 75.299, а бројот на потврдени случаи со вирусот на 1.352.287.
Земја со најголем број починати од вирусот Ковид-19 е Италија, со 16.523 смртни случаи. Потоа следуваат Шпанија со 13.341 смртен случај, САД со 10.943, Франција со 8.911, Велика Британија со 5.373 и Иран со 3.739 смртни случаи.
Во Кина, каде што се појави епидемијата, досега од коронавирусот починаа 3.331 лице.
Потоа следуваат Белгија со 2.035 смртни случаи, Холандија со 1.867 смртни случаи и Германија со 1.810 смртни случаи.
Ковид-19 најпрвин се појави во декември 2019 година во Вухан, Кина, и досега се рашири во 200 земји низ светот.