Yusuf Hatip
07 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
АНКАРА – Повеќе од 285.000 лица во светот се излекувани откако им бил дијагностициран новиот тип коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“, која објавува податоци во врска со распространетоста на новиот тип коронавирус во светот по земји, како и за бројот на детектирани и смртни случаи, соопшти дека во светот од Ковид-19 се излекувани вкупно 286.877 лица.
Најголем број излекувани лица има во Кина. Во оваа земја се излекувале 77.167 лица.
По Кина следува Шпанија со 40.437 излекувани лица, Германија со 36.081, Иран со 24.236, Италија со 22.837, САД со 19.810 и Франција со 17.250 излекувани лица.