Addis Getachew Tadesse
05 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АДИС АБЕБА (АА) - Во изминатите 24 часа на територијата на Африка регистрирани се уште 390 нови случаи на коронавирусот, соопштија утринава центрите за контрола и превенција на болести во Африка (Africa CDC), со што вкупниот број случаи порасна на 44.873, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на смртни случаи во последните 24 часа на континентот се зголеми за шест, и сега изнесува 1.807, додека бројот на оздравени се искачи на 15.179.
Во однос на бројот на случаи со Ковид-19 најтешко погодена е Јужна Африка со 6.800 регистрирани случаи, додека Египет евидентираше 6.500. Во однос на бројот на починати на врвот е Египет со 429 смртни случаи, далеку пред Јужна Африка каде што има 131 смртен случај.
Северна Африка има 17.000 заразени со вирусот, Западна Африка 12.000, Јужна 7.300, Источна Африка 4.600 и Централна Африка 4.000 заразени.
Во Западна Африка, Нигерија има најголем број починати - 87, потоа следуваат Буркина Фасо (45), Нигер (36) и Мали (29).
Во Источна Африка, Судан има регистрирано најголем број смртни случаи - 41, Сомалија има 32, Кенија 24 и Танзанија 16. Во однос на бројот на детектирани случаи, малата држава Џибути е најтешко погодена со 1.100 заразени.
Во Централна Африка најмногу случаи има Камерун, 2.100, Демократска Република Конго има 684, Габон 335 и Екваторска Гвинеја 315 случаи.