Adam Abu-bashal
16 Септември 2020•Ажурирај: 17 Септември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 372 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 6.593 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 1.372.731.
Во последните 24 часа починати се 77 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во Африка се искачи на 33.127.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (15.641 смртeн случаj), по која следуваат Египет (5.679) и Алжир (1.648 смртни случаи).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи со вирусот се откриени во Јужноафриканската Република (651.521), по која следуваат Египет (101.340) и Мароко (90.324).
Во Африка досега излекувани се вкупно 1.121.263 лица.