Cüneyt Karadağ
08 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во последните 24 часа починаа 1.188 лица како последица на новиот вид коронавирус, со што е регистриран нов рекорд на починати лица од вирусот на дневно ниво од почетокот на пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институтот „Роберт Кох“, во последните 24 часа во земјата откриени се 31.847 случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на откриени случаи на Ковид-19 во Германија се искачи на 1.866.887.
Исто така, во последните 24 часа починаа 1.188 лица како последица на вирусот, со што е регистриран рекорд во дневно починати лица од почетокот на пандемијата.
Вкупната бројка на починати во земјата порасна на 38.795.
Во Германија од Ковид-19 оздравеа 1.494.100 лица.