Mahmut Atanur
11 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ЏАКАРТА (АА) - Едно лице почина во Индонезија од новиот вид коронавирус „Ковид-19“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ахмед Јуријанто, директор на Центарот за контрола и превенција при Министерството за здравство на Индонезија, соопшти дека починала 53-годишна жена со странско државјанство, кај која бил идентификуван „Ковид-19“.
Јуријанто на 9 март соопшти дека кај 2 лица со странско државјанство се откриени „Ковид-19“, но не даде информации од која земја потекнуваат.
Бројот на заразени во државата вчера од 19 се искачи на 27 лица.