Ahmet Dursun
11 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
АНКАРА (АА) – Пратеничката во иранскиот Парламент, Зухре Илахијан, се излекува од новиот тип коронавирус „Ковид-19“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата видеопорака објавена на државната телевизија, Илахијан рече дека во болницата „Месих Данишвери“ во Техеран била лекувана од новиот тип коронавирус и дека ја победила болеста.
Илахијан, која исто така е лекар, истакна дека доколку се преземат мерки не треба да се има страв од „Ковид-19“.
„Не патувајте освен ако морате, често мијте ги рацете и избегнувајте да го допирате лицето со рацете“, нагласи Илахијан.
Советникот на Илахијан, Мустафа Фејли, на 5 март соопшти дека резултатот од тестот на пратеничката за „Ковид-19“ е позитивен и дека е префрлена во болница на лекување.
„Ковид-19“ во Иран за првпат беше откриен на 19 февруари во градот Кум, а потоа се прошири речиси во целата земја. Бројот на лица дијагностицирани со коронавирус во Иран ја надмина бројката од 8.000. Бројот на лицата што ги загубија животите се зголеми на 291. Од друга страна, 2.731 лица на кои им беше дијагностициран вирусот „Ковид-19“ се излечија.
Министерот за индустрија, рударство и трговија на Иран, Риза Рахмани, кај кого беше дијагностициран „Ковид-19“, исто така беше излекуван.