Zehra Ulucak
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во Кина, каде што се појави епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, регистрирани се 108 нови случаи, а починаа 2 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од кинеската Национална здравствена комисија се наведува дека во Кина се регистрирани 108 нови случаи на Ковид-19, од кои 98 се лица кои допатувале од странство, а 10, домашни случаи на вирусот.
Во покраината Хубеи поради новиот вид коронавирус починале 2 лица, а по нивното лекување 88 лица се отпуштени од болница.
Исто така се наведува дека 1.092 лица кои имале близок контакт со заразени пациенти се пуштени од карантин.
Со тоа, бројот на случаи со Ковид-19 во Кина се зголеми на 82.160, додека бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 3.341. Од вирусот се излекуваа 77.663 лица.