Hakan Çopur
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин и принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, за нивниот договор за ограничување на производството на нафта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од Белата куќа се наведува дека Трамп имал одделни телефонски разговори со Путин и Бин Селман.
Изјавувајќи дека го поздравува тоа што двајцата лидери соработуваат еден со друг, а исто така и со другите земји кои произведуваат нафта, Трамп рече дека им се заблагодарува на Путин и Бин Селман за нивното разбирање производството на нафта да се врати на ниво на стабилноста на глобалниот енергетски и финансиски пазар.
Вчера рускиот претседател Путин, американскиот претседател Трамп и кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, постигнаа договор за ограничување на производството на нафта.
„Големиот договор за нафта со ОПЕК + е готов. Ова ќе заштеди илјадници работни места во енергетиката во САД. Честитки до Русија и Саудиска Арабија“, напиша Трамп на својот профил на Твитер.