Ali Cura
23 Мај 2020•Ажурирај: 24 Мај 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, вкупниот број на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми на 335.882, а вкупниот број на починати на 3.388, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа бројот на случаи со Ковид-19 е зголемен за 9.434, со што вкупниот број достигна 335.882.
Бројот на починати во последните 24 часа изнесува 139, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 3.388.
Во последните 24 часа, билансот на излекувани порасна за 8.111, достигнувајќи вкупно 107.936.
Во соопштението се наведува дека 42 отсто од новозаразените не покажуваат симптоми, и дека просекот на растот на бројот на заразени е 2,9 отсто.
Епицентарот на Ковид-19 во Русија е Москва, каде што се заразени 161.397 лица, додека како последица на вирусот Ковид-19 починаа 1.934 лица, со зголемување од 67 во последното деноноќие.
Во Москва вирусот Ковид-19 го победија вкупно 47.413 лица.
Во соопштението се наведува дека речиси 276.000 лица се наоѓаат под здравствен надзор, и дека досега направени се повеќе од 8.400.000 тестирања за коронавирусот.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан од вирусот.
Позитивни на Ковид-19 беа и неколкумина високи руски официјални претставници, меѓу кои и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, и премиерот Михаил Мишустин.