Elena Teslova
27 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
МОСКВА
Бројот на заразени со коронавирусот (Ковид-19) во Русија веќе втор ден е под 7.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на изминатиот ден во земјата се потврдени 6.852 нови случаи, со што вкупниот број е зголемен на 627.646, се наведува во дневниот извештај на работната група за итни случаи.
Оздравеа вкупно 393.352 пациенти, вклучувајќи 9.200 колку што се отпуштени од болниците во изминатиот период.
Во последниот извештај е наведено дека починале уште 188 лица, со што вкупната бројка е зголемена на 8.969.
Во обраќањето до нацијата во вторникот, рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека земјата успеала да го доведе ширењето на вирусот до пат и достигнала пресврт. Меѓутоа, ги предупреди граѓаните да останат фокусирани и внимателни, посебно додека не почне масовно производство на ефикасен превентивен лек. Исто така, Путин нагласи дека бројот на заразени со коронавирусот и понатаму е висок во многу руски региони.
„Русија користи масовно тестирање како една од превентивните мерки“, додаде претседателот, тврдејќи дека земјата спроведува повеќе тестови на 1.000 пациенти во однос на другите големи светски држави.
Моментално 14 руски федерални научни центри работат на изнаоѓање вакцина против Ковид-19, која мора да биде ефикасна, веродостојна и сигурна за луѓето од сите возрасни категории и во сите здравствени состојби.