Ali Cura
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, вкупниот број на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се искачи на 592.280, а вкупниот број на починати на 8.206, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа потврден е вирусот кај уште 7.600 лица, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 592.280.
Во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 95 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 8.206.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на оздравени достигнал 344.416, со пораст од 4.705 во последното деноноќие.
Центарот, исто така, информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 1,3 проценти, при што кај 32,5 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во Москва во последните 24 часа од коронавирусот починаа 20 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 3.617.
Во текот на последните 24 часа детектирани се 1.068 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 215.014.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата изнесува над 17.200.000. Во последните 24 часа направени се 291.000 тестови за Ковид-19.
Во соопштението исто така се наведува дека 312.000 лица се наоѓаат под надзор.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 31 јануари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.