Mustafa Melih Ahıshalı
07 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за здравство, Саид Немеки, рече дека Иран има за цел епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19, да ја стави под контрола до крајот на мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Персиската новинска агенција, Немеки во неговото обраќање до пратениците во иранското Собрание ги оценил најновите случувања во земјата во врска со Ковид-19.
„Се надевам дека Ковид-19 ќе го ставиме под контрола до крајот на мај“, нагласи Немеки.
Потсетувајќи дека санкциите на САД негативно влијаат на борбата против коронавирусот, Немеки рече: „Сè уште не успеавме да ја контролираме болеста. Не чекаме болеста да нè нападне, ние со големиот број тестови ја напаѓаме болеста.“
Наведувајќи ја важноста на социјалното растојание и изолацијата за да може да се контролира вирусот, Немеки нагласи: „Одолговлекувањето на епидемијата ѝ штети на економијата. Ние се грижиме одлуките донесени во рамките на здравствените мерки да не ја уништат економијата.“
Ковид-19 во Иран за првпат беше откриен во градот Ком на 19 февруари, а потоа се прошири низ целата земја.
Заклучно со вчера, бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во Иран достигна 3.739, а бројот на заболени 60.500.