Faruk Zorlu
06 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција регистрирани се над 1.600 нови случаи на коронавирусот и над 900 излекувани во изминатите 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку објава на Твитер, турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека со уште 1.673 новозаразени вкупниот број на случаи во земјата достигнал 278.228.
Тој истакна дека во текот на изминатите 24 часа излекувани се уште 984 пациенти, односно вкупно 250.092 лица од почетокот на епидемијата во земјата.
„Бројот на починати од вирусот се зголеми за 56 во изминатите 24 часа и достигна 6.620“, додаде министерот.
Во изминатото деноноќие споведени се 99.497 тестови за Ковид-19, со што вкупниот број на реализирани тестирања достигна над 7,68 милиони.
Турскиот министер соопшти дека бројот на пациенти во критична состојба е 1.091.
Ковид-19 од минатиот декември однесе речиси 876.000 животи во 188 земји и региони во светот.
САД, Бразил, Индија и Русија во моментов се најпогодени земји.
Во светот регистрирани се над 26,67 милиони случаи на Ковид-19, излекувани се над 17,77 милиони, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.