Abdullah Aşıran
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
РОТЕРДАМ (АА) - Од последиците предизвикани од коронавирусот во последните 24 часа во Холандија починаа 86 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата се искачи на 2.823, јавува Агенција Анадолија (AA).
Институтот за здравство и животна средина при Министерството за здравство на Холандија во дневниот преглед на епидемиолошката слика наведе дека во изминатиот ден во земјата биле откриени 964 нови случаи на вирусот и дека бројот на вкупно заразените е зголемен на 26.551.
Истиот извор јавува дека во болниците во Холандија се хоспитализирани 8.729 заболени лица.
Коронавирусот во декември минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот со коронавирусот се заразени 1.860.011 луѓе, а починати се 115.225 лица. Од вирусот се излекуваа 438.516 лица.