Emre Gürkan Abay
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија испрати медицински експерти во подрачјата погодени од пандемијата со коронавирусот во земјата, каде што ќе бидат формирани и воени болници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, за медиумите говореше за пандемијата на коронавирусот во Русија.
Песков изјави дека сè уште не е донесена одлуката за тоа дали ќе биде продолжен делумниот карантин.
„Врз основа на указот на претседателот на Русија, Владимир Путин, делумниот карантин ќе трае до 7 ноември. Доколку биде донесена одредена одлука, вие веднаш ќе бидете известени“, изјави Песков.
Според неговите зборови, медицински експерти се испратени во областите каде епидемиолошката состојба е влошена.
„Путин исто така издаде наредба за формирање воени болници“, рече Песков.
Центарот за контрола и превенција на коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа починале 1.189 лица, вкупно досега 242.060, а оздравеле уште 32.807 лица, вкупно 7.445.438.
Во последните 24 часа се регистрирани 40.443 случаи на заразени, вкупно 8.663.643.