Duygu Yener
03 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА
Поранешниот премиер на Турција и пратеник во Големото народно собрание на Република Турција, Бинали Јилдирим, соопшти дека е позитивен на новиот тип коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јилдирим денеска соопшти дека е тестиран и дека тестирањето покажало присуство на Ковид-19.
„Состојбата ми е добра, немам никакви потешкотии. Докторите сметаат дека овој период можам да го поминам во мојот дом“, соопшти Јилдирим.