Ali Cura
18 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
МОСКВА
Во Русија, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 182 лица, со што вкупниот број на починати достигна 7.660, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во истиот период се потврдени 7.790 нови случаи на заразување.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени се зголемил на 561.091, додека излекувани се 313.963 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Се наведува дека кај повеќе од 31 отсто од новите случаи станува збор за асимптоматски пациенти.
Епицентарот на Ковид-19 во Русија е Москва, каде што се заразени 210.785 лица, а 3.483 лица починаа како последица на заразувањето.
Руската служба за заштита на јавното здравје соопшти дека од почетокот на пандемијата во Русија се тестирани повеќе од 15,9 милиони примероци.
Во соопштението се наведува дека 309.000 лица се наоѓаат под здравствен надзор.