Mümin Altaş
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 124.369, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 33.559 тестирања за Ковид-19, од кои 1.182 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 30 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.576 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 1.928.209 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 160.979 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.461 лице.
На интензивна нега се наоѓаат 683 лица, 339 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 124.369 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Да го избегнеме ризикот преку контролиран социјален живот“, напиша Коџа.