Sefa Şahin
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 137.969, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 35.335 тестирања за Ковид-19, од кои 914 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 23 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 2.647 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 2.338.593 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 170.132 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.692 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 613 лица, 274 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 137.969 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Се додека се намалуваат мерките, се повеќе се зголемува заканата“, напиша Коџа.