Enes Kaplan
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА
Министерството за здравство на Турција соопшти дека последните 24 часа Ковид-19 е детектиран кај 827 лица, починале 23 лица, со што вкупната бројка на регистрирани лица позитивни на вирусот се искачила на 164.769, додека од последици на заразеност со Ковид-19 починале 4.563, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека последните 24 часа оздравеа 974 лица, со што вкупниот број на оздравени лица во Турција се искачи на 128.947.