Nuri Aydın
18 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
АНКАРА (АА) - Британскиот сценарист и режисер, Гај Ричи, упати пофални зборови за Турција и порача дека сака сите свои наредни филмови да ги сними во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во своето видео споделено на Твитер, рече дека многу ја сака античката цивилизација и историските места, дека Турција е доста модерна, но истовремено има и шарм на античките цивилизации.
„Убава храна, луѓе, хотели. По два месеци снимање тука, сакам сите мои филмови да ги снимам тука“, вели Ричи во видеото.
За илјада години стариот антички град Аспендос истакна дека е прекрасно место, а за регионот каде што се снимаше филмот, изјави: „Ова е мојата канцеларија стара 2 илјади години.“
- Видеото имаше илјадници допаѓања на социјалните мрежи -
Не сокривајќи го своето воодушевување од регионот, познатиот режисер ги сподели своите импресии за историската област која ја прошета.
„Како да е сѐ уште жива. Сето тоа било град. Дури и дел од патеката тука изгледа како да е недопрен“, додаде Ричи.
Во објавеното видео, Ричи истакна дека многу ја сака Турција и дека ако е можно, сака во областа да снима уште многу филмови.
Видеообјавата на Ричи доби илјадници допаѓања на социјалните мрежи.