İzzet Mazı
06 Мај 2021•Ажурирај: 07 Мај 2021
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Најмалку 45 историски артефакти се запленети и еден осомничен е фатен поради криумчарење во турската јужна област Кахраманмараш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Командата на жандармеријата на Кахраманмараш добила дојава дека сомнително лице го скенира тлото со детектор во една населба.
Во операцијата за фаќање на лицето, безбедносните припадници запленија и 37 монети, два врва на стрела, прстен, како и уште пет други предмети со историска вредност.
Осомничениот, идентификуван со иницијалите Ф. Ј., е пренесен во Полицискиот оддел по здравствената контрола, а артефактите ќе бидат испратени до Дирекцијата на музејот во Кахраманмараш.