Cem Genco
09 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
ХАТАЈ (АА) – Мајсторот за мозаици, Мерван Алтинорак, кој живее во подрачјето на Рејханли во Хатај, југоисточна Турција, направи портрет на човек висок 2,5 метри од 50 илјади парчиња од стари автомобили, камиони, комбиња, трактори и мотоцикли за да привлече внимание кон загадувањето на животната средина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алтинорак, од местата каде што се продава отпаден материјал собрал отпадоци како ланци, амортизери, завртки, дискови, свеќички со цел да го подржи „Проектот за нула отпад“ инициран од сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Емине Ердоган.
Мозаичарот Алтинорак, кој претходно има направено разни скулптури на животни со цел да ја подигне свеста за загадувањето на животната средина, во изјавата за АА рече дека на портретот работел 6 месеци.
„Парчињата отпадоци од автомобили, камиони, комбиња, трактори и мотоцикли ги донесов во мојата работилница и направив портрет“, рече Алтинорак.
Тој вели дека неговите скулптури привлекле големо внимание и во странство.