СКОПЈЕ (АА) – Турскиот Вицепремиер Нуман Куртулмуш кој денес престојува во Скопје, присуствуваше на свечената церемонија на доделување на дипломи на студентите на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Во својот говор на церемонијата турскиот Вицепремиер Куртулмуш изрази задоволство што се наоѓа меѓу учениците.
„Меѓународниот балкански универзитет е еден од универзитетите кои од блиску го следиме уште од неговото создавање. Она што Универзитетот достигна во рок од 10 години е задоволство и за основачите, и за учениците, но и за нас“ рече Куртулмуш.
Денес на церемонијата, Куртулмуш всушност е присутен во името на Претседаелот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, поради тоа што тој е во посета на Африка и додаде дека го пренесува поздравот на турскиот Претседател за народот на Македонија, студентите и нивните родители.
„Зошто Балканот, зошто ИБУ. Луѓето во овие области, на Балканските простори шест века живееле во мир, кој Западот го нарекува Пакс Отомана. Но, за жал оваа средина на мирот и помирувањето која траеше шест века пред еден век заврши. Порано, во една средба со господин Иванов, ми кажа дека на вашиот јазик постои изразот "комшу капиџик" (многу блиски добрососедски односи), луѓето толку се блиски помеѓу нив дека тие беа во можност лесно да поминат низ дворовите на нивните соседи. Се надевам дека пријателите ќе ми го покажат тоа 'комшу капиџик' во Скопје. За жал, по 6 века почнаа секташки, етнички и религиозни судири. Луѓето беа поделени врз основа на босански, албански, турски, римски, грчки православни, муслимански и христијански елементи. ИБУ е всушност научен центар, кој го симболизира единството на народите на Балканот. Се надевам дека ИБУ ќе ја формира основата на мирен живот на луѓето на Балканот. Исто така, ние како внуци на Османлиите сме во ситуација да ги откриеме и да се вратиме повторно на Балканот од кој се разделивме пред еден век. Поделба на балканските народи со нас траеше долго време, еден цел век. Сега и ќе го компензираме тоа време и, повторно ќе се обединеме и ќе се интегрираме со Балканските народи, заедно ќе одиме кон една подобра иднина”, рече Куртулмуш.
Претседателот на управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), истовремено и пратеник на АК Парти од Истанбул, Хусејин Бурге, во своето обраќање рече:
„Во Скопје, каде што славиме 10 години од образовниот живот, ИБУ станува најголема прилика за зајакнување на на нашите братски, врски и културни мостови. Младите луѓе на Балканот, заедно со оние од Анадолија ги симболизираат најубавите цвеќиња во вазна", рече тој.
Ректорот на Меѓународниот Балкански универзитет, Исмаил Коџајусуфоглу, обраќајќи им се на присутните на свеченоста, ги поздрави учесниците на сите јазици на заедниците кои живеат во Македонија и рече дека во 2011 година дипломирале само 19 студенти, а денес таа бројка достигна 146. Тој изрази уверување дека следната година ќе биде година на нови предизвици и успеси.
„Пред 10 години, основачите на Универзитетот Македонија, Турција и други земји, се собраа тука за да изградaт нови мостови и иднината на нашите млади, тука во срцето на Балканот, Скопје. Во 2006 година, во име на универзитет, овде во Скопје овој сон стана реалност ", рече Коџајусуфоглу. Турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, рече дека сите дипломирани студенти треба да се чувствуваат горди на своите достигнувања во овој универзитет, бидејќи тие имаат завршено универзитет со меѓународните квалитет.
„Меѓународниот Балкански Универзитет има посебно место во Македонија. Студентите на универзитетот од сите заедници кои живеат во оваа земја, како и студенти од целиот регион, вклучувајќи ја и Турција, ќе можат да го користат придонесот на високиот квалитет на образование на меѓународно ниво ", рече турскиот амбасадор во Макеоднија, Омур Шолендил.
Од друга страна, вицепремиерот за европски прашања на Владата на Република Македонија, Фестим Халили уптувајќи честитки до Меѓународниот балкански универзитет, истакна дека успехот на универзитетот е од корист за општеството на земјата.
Меѓународниот балкански универзитет е основан во 2006 година. За прв пат во овој универзитет дипломираа само 19 студенти во 2011 година, а оваа година 146 студенти успеале да дипломираат. На почеток универзитетот почна да работи со два факултети и две програми, а денес на студентите им нуди седум факултети и седум програми.
На церемонијата на дипломирање присустуваа и министерот без ресор во Владата на Република Макеоднија, Фуркан Чако, потсекретарот на турската амбасада во Скопје, Синан Ертај, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Теоман Тирјаки, Кенан Хасипи, претседателот на Турската демократска партија во Макеоднија (ТДП) и пратеник во Собранието на РМ, како и претставници на невладини организации и турски институции во земјата.
По церемонијата на доделувањето на дипломите, турскиот Вицепремиер Куртулмуш учествуваше и на свечениот прием во резиденцијата на Турската амбасада во Скопје, приредена од страна на Турската амбасада во Скопје во негова чест.