Kübra Chohan
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
АНКАРА (АА) - Катарскиот амбасадор во Анкара, вчера истакна дека прекинувањето на одбранбените врски на земјата со Турција е очигледно мешање во внатрешните работи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е спротивно на сите меѓународни закони и норми“, рече Салем бин Мубарак ал-Шафи во соопштение во врска со барањето за затворање на турската база.
„Затворањето на оваа база и барањето за прекин на нашите односи во областа на одбраната со Турција ќе биде очигледно мешање во нашите внатрешни работи, кршење на нашите права на суверенитетот и претпоставка за туторство над нас“, рече тој.
Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа дипломатските односи со Катар во јуни и воведоа блокада од морски и копнен дел, обвинувајќи ја Доха за поддршка на тероризмот.
Четирите држави претставија листа на барања до Катар за прекин на блокадата, вклучувајќи го и затворањето на телевизиската мрежа „Al Jazeera“ (Ал Џезира) и нивната турска база во Доха.
Групата земји се закани со дополнителни санкции доколку не се исполнат дадените барања. Доха ги негира обвинувањата за тероризам и тврди дека блокадата е прекршување на меѓународното право.
Ал Шафи рече:„Државата Катар е активна членка во сите платформи за борба против тероризмот политички, финансиски и воено. Истото важи и за меѓународната коалиција предводена од САД во борбата против ДЕАШ“.
Во однос на блокадата тој истакна: „Ние не можеме да влегуваме во дијалог во врска со нашиот суверенитет, нашата независност и сѐ останато во однос на нашата слобода на одлучување.
„Мнозинството од меѓународната заедница и светските земји, вклучувајќи ги и големите земји (САД, Германија, Франција, Велика Британија, Русија итн.), ја отфрлија незаконската т.н практика на ОАЕ против државата Катар“.