Nilay Kar
16 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турската војска им зададе тежок удар на терористичките активности, истакна турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција спроведува антитерористички операции во границите на Турција и во северен Ирак, со цел неутрализирање на терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
„Терористичката организација се соочува со сериозен неуспех како резултат на нашата одлучна борба. Нејзините терористички активности во голема мера се ограничени. Оптимисти сме дека ќе дојдеме до моментот целосно да ја неутрализираме“, изјави Хулуси Акар на свеченоста за доделување заслуги на најуспешните единици во главниот град Анкара.
Акар нагласи дека заложбите во однос на борбата против тероризмот се неопходни и задолжителни за безбедноста на Турција.
Тој, исто така, ја истакна важноста на заштитата на правата на Турција во Егејското Море и во Источниот Медитеран.
„Ќе продолжиме да ги заштитуваме нашите права во Егејското Море, во Источниот Медитеран и во „сината татковина“, додаде тој.