Cüneyt Ateş
13 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
АНКАРА (АА) - Силна експлозија одекна во квартот Кизилај во центарот на главниот град на Турција, Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации од теренот, во екплозијата ранети се поголем број лица, а уништени се повеќе автомобили.
На местото на експлозијата пристигнаа бројни екипи на итната медицинска помош и противпожарни екипи. Полицијата го блокираше тој дел од градот поради страв од нови експлозии.