Tuncay Kayaoğlu,Elif Ferhan Yeşilyurt
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - ЕУ претставува „потврда, извор на инспирација и сидро" за владеење на правото, демократијата и слободата, изјави денес вицепремиерот Мехмет Шимшек, јавува Anadolu Agency (AA).
„Затоа процесот на пристап кон ЕУ, сам по себе е важна реформа за Турција", изјави Шимшек на Истанбулскиот форум за управување со јавниот долг.
Шимшек, во својство на одговорен за економијата во Турција, изјави дека преговорите за пристап кон ЕУ кои започнаа во 2005 година, искусија реформи во голем број области од законодавството. Овие разговори се интензивираа во последните месеци кога и двете страни се обидоа да ја запрат бегалската криза, додаде тој.
Осврнувајќи се на економијата, Шимшек изјави дека Турција ќе се обиде да го намали големиот дефицит на тековна сметка моментално околу 4.5 проценти од ГДП - преку структурни реформи.